Едно момче си ги пасело кравите секој ден. Наутро ги водело на ливадата, а вечерта пред да се стемни ги враќало во шталата. Една вечер, кога почнало да ги собира кравите од ливадата, завележало дека му недостасува јажето за една од кравите.

Момчето се мислело што да прави, дали да трча да купи ново јаже, но ќе се стемнело и ќе станело предоцна. Не знаејќи што да прави, тоа решило да побара совет од мудриот старец кој живеел во близина.

Мудрецот му рекол да се преправа дека ја врзува кравата, но да биде сигурен дека кравата ќе го види како го прави тоа. Момчето така и направило. Се преправало дека ја врзува кравата. Следното утро момчето завележало дека кравата иако без јаже, останала на истото место во шталата на кое што ја врзал. Ги одврзал и другите крви и ги одвел во ливадата. Но, таму забележал дека кравата без јаже ја немало.

Кравата останала во шталата и не сакала да излезе ниту наредните денови. Момчето пак решило да оди да го праша мудрецот за совет. Тој му рекол да оди во шталата и да се преправа дека ја одврзува кравата, но кравата да го завележи тоа. Момчето го направило тоа и кравата излегла од шталата.

Поука: Исто како и кравата и ние веруваме дека живееме со многу ограничувања и предрасуди. Голем дел од нас во ниту еден момент не се обидуваат да направат нешто повеќе, да постигнат нешто за кое што другите мислат дека е невозможно.

Сподели на Facebook
пати видено