Илај Каиро е експерт за месо и тој ќе ви објасни која е разликата помеѓу квалитетното и неквалитетното месо кое секојдневно го купуваме во месарниците и супермаркетите.

Како да препознаеш квалитетен чаен колбас?

  • Јасна поделба меѓу црвеното и белото месо, без жолтеникави делови.
  • Да не биде претерано тврд, затоа што може да биде многу стар.
  • Обвивката да му биде природна, а не најлон.
  • Кога ја јадете да не остануваат парчиња во устата.

Како да препознаеш квалитетна шунка?

  • Кога ќе ја пресечеш ако се гледа виножито значи дека има додавано многу фосфати.
  • Разликите помеѓу кафените нијанси на кората значат дека е подготвувана на дрва.
  • Во квалитетната шунка има кромид, лук, а понекогаш и кафеав шеќер.
  • Доколку е спирално сечена значи дека е производ на мас-производство.
  • Квалитетна шунка има природен облик.

Како да препознаеш квалитетна Салама „Посебна“?

  • Доколку е мазна и нема меурчиња значи дека е производ на фабричко мас-производство.
  • Квалитетната салама има додатоци во неа како фстаци, бибер и слично.
  • Кога саламата е растеглива значи дека има премногу полнила, а многу малку вистинско месо.

Како да препознаеш квалитетни виршли?

  • Неквалитетните виршли немаат обвивка или им недостасува крајот на обвивката поради фабричкото производство.
  • Квалитетната виршла има природна заоблена форма.
  • Обвивка и чворовите на краевите се знак за квалитетна виршла.

Како да препознаеш квалитетна пршута?

  • Мермерниот изглед покажуваа дека пршутата е добиена од животно одгледувано на пасишта.
  • Темна боја е знак за квалитетна пршута.
  • Доколку пршутата е жилава и има влага значи дека е со низок квалитет.

Сподели на Facebook
пати видено