Кралот Артур бил заробен во битка, а неговите непријатели му кажале:

„Има само еден начин да ја избегнеш смртта која те очекува. Треба да одговориш на едно прашање. Но, тоа е исклучително тешко. За сметка на тоа ќе имаш цела година да најдеш одговорот. Сега ќе те пуштиме, а ти дај ни збор дека ако не најдеш одговорот, ќе се вратиш, за да бидеш погубен.“

Прашањето било: „Што најмногу сакаат жените?“

Кралот Артур се вратил во своето царство, ги испрашувал сите жени таму, но никоја од нив не можела да му даде значаен одговор. Кога веќе се откажал еден старец го советувал да побара совет од една стара вештерка што само таа го знае одговорот. Цената ќе биде висока затоа што била позната низ кралството по прекумерните суми што ги наплаќала.

Се наближувале последните денови од годината и Артур немал друга алтернатива освен да разговара со вештерката. Таа се согласила да му даде одговор, секако по цената што си ја побарала за возврат. Вештерката ветила дека ќе му го даде одговорот само ако Артур ја земе за жена. Артур ја погледнал вертерката која била стара, валкана, грбава и со еден заб во устата и рекол: „Не! Подобро да умрам.“

Но сите витези од тркалезната маса го молеле да прифати за да не се распадне кралството. Артур се согласил на барањето на вештерката и го добил одговорот.

„Жените најмногу од се сакаат самите да управуваат со животот и никој да не им ја попречува слободата.“, одговорила вештерката. Сите веднаш знаеле дека вештерката ја зборувала вистината и дека животот на Артур ќе биде спасен. Така и било. Монархот од соседството го помилувал и му дал целосна слобода.

Тогаш Артур го исполнил своето ветување и се оженил со вештерката. Тој за време на свадбата бил пристоен и убаво се однесувал со старата вештерка. Кога дошло време за првата брачна ноќ Артур мислел дека тоа ќе е најужасниот момент од неговиот живот. Но, кога влегол во собата во креветот го чекала прекрасна млада девојка.

Артур вчудоневиден запрашал што се случило. Убавицата му одговорила дека само затоа што бил љубезен спрема неа (додека била вештерка) половина од денот таа ќе биде ужасна и деформирана, а другата половина од денот ќе биде биде девојката што во моментот ја гледа. И на тоа, таа го прашала Артур: Каква би сакал да бидам преку ден и преку ноќ?„Колку сурово прашање.“, си размислувал Артур во себе.

Преку ден убава жена која ќе го придружува во јавноста, но преку ноќ во приватноста ќе биде грда и стара вештерка. Или пак преку ден да биде вештерка но навечер прекрасна жена со која ќе ужива во незаборавни интимни моменти.

Племенитиот Артур одговорл: ТИ САМА ОДЛУЧИ!

Кога го слушнала ова, таа рекла дека ќе биде убава засекогаш, затоа што тој ја почитувал со тоа што и дозволил да управува со својот живот и да одлучува за себе.

Сподели на Facebook
пати видено