Велат дека сликата вреди илјада зборови, а оваа снимка секако раскажува приказна. Неименуваниот маж барал отклучени автомобили во Бевертон, Орегон околу станбен паркинг. Само 10 секунди откако влегол во Мини Купер на еден жител мажот ја активирал Owlcam на автомобилот, уред што е активиран со движење, кој започнува со снимање без светло.

Штом се појави блицот, камерата го фати паничниот израз на крадецот со совршена јасност. Крадецот избегал со „брзината на светлината“ и за среќа не украл ништо, но смешната рекација ќе продолжи да кружи по интернетот.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.

Сподели на Facebook
пати видено