На поранешната американска фудбалска ѕвезда Лорин Холидеј ѝ е дијагностициран мозочен тумор за време на бременоста со нејзиното прво дете. Поради тоа, нејзиниот сопруг Џру Холидеј, кошаркар на Њу Орлеанс Пеликанс, го напушта НБА клубот на неопределено време за да може да се грижи за својата сопруга.

„Сите се молиме за здраво раѓање на нивното прво дете и успешна хируршка интервенција за Лорин“, изјавил Дел Дампс, главниот директор на Пеликанс. „Исто така, замолуваме сите да ја почитуваат нивната приватност во вакви времиња.“

Лорин Холидеј, која се повлекла од фудбалот минатата година, беше меѓу најпочитуваните светски спортисти за време на својата кариера одбележана со олимписки златни медали за американскиот национален тим во 2008 и 2012, како и освоено прво место за време на Светскиот куп на ФИФА во 2015 година. 28-годишната фудбалерка играла во 133 натпревари за американската репрезентација, постигнувајќи 24 гола.

fd01 fd02 fd03 fd04 fd05 fd06 fd07

Сподели на Facebook
пати видено