Имамот Шакер Елсајед од Вирџинија, на предавањето кое го држел пред верниците минатиот петок изјавил дека подржува осакатување на женските гениталии, откако на претходно предавање ги повикувал Муслиманите да се борат за џихадот.

„Сунетот е за момчињата, но исто така чесно е да се направи тоа, ако е потребно и кај девојчињата. Ова е нешто што муслимански гинеколог ќе ви каже дали треба или не.“, изјавил Шакер, во видео постирано на Јутуб, кое што подоцна било отстрането.

Тој потоа продолжува: „Имаше една жена која што го правеше ова, таа го сече само сексуално чувствителниот дел на девојчето за да не биде хипер-сексуално. Тоа е целта“

Шакер потоа продолжува да објаснува кој треба да го врши „женскиот сунет“ и какво знаење е потребно.

„ Секако ако жената или хирургот исечат малку повеќе од потребното, тоа ќе предизвика голема штета во сексуалниот живот на девојчето кога ќе порасне и поради тоа, луѓето од запад го нарекуваат сексуално осакатување. Во земјите каде што женското обрежување е забрането, хипер-сексуалноста го обземала целото општество и жените не се задоволни со една личност, две или три.“ вели Шакер Елсајед.

Исламскиот центар Дар-ал Хијрах и неговиот одбор дале изјава дека не ги промовираат и подржуваат практиките на Шакер. Упатувањето на „Хипер-сексуалност“ според нив е навредливо и недвосмислено го отфрлиле. Исто така осакатувањето на женските гениталии е забрането во Исламот и во законите.

Имамот објавил извинување кое гласело: „Повлекувам се што кажав и им се извинувам на сите кои што се навредија од моите зборови.“

Сподели на Facebook
пати видено