Најпрво, што претставува Конобетон? Како што сугерира името, Конобетон е градежен материјал кој вклучува коноп во неговата мешавина. Еластичен и тврд, може да се користи за ѕидна изолација, тротоарите, ѕидовите, покривот и слично, а исто така е и  огноотпорен и водоотпорен.

Се прави од внатрешноста на стеблото на конопот, потоа се меша со база за врзување од вар. Конобетонот е поеластичен од обичниот бетон што го прави многу полесен за работа. Всушност, земјотресите не можат да ги срушат овие структури, бидејќи тие се трипати поотпорни на оштетување од обичниот бетон.

Конобетонот исто така, бара помалку енергија за производство, бидејќи варот не треба да се загрева до степенот кој е потребен на индустрискиот бетон. Поради тоа што содржи целулоза исто така, Конобетонот го заробува јаглеродот. За време на неговиот „животен циклус“ тој „консумира“ големи количини на јаглерод кои потоа се вградуваат во домот или зградата која се гради. Така јаглеродот се складира, наместо да се испушта во атмосферата и како резултат на тоа, еден дом може да заштеди околу 9.000 килограми јаглерод кога е изграден од Конобетон.

Силен, лесен, и дише, Конобетонот е неизмерно супериорен градежен материјал. Кога се употребува во надворешните ѕидови, тој овозможува водата да влезе без да предизвика гниење или други оштетувања. Наместо потребата да се изградат домови со простор помеѓу надворешните ѕидови, кои потоа мора да бидат исполнети со изолација, можете едноставно да го користите ѕид од Конобетон. Бидејќи влажноста се зема од надворешното опкружување, Конобетон ја одржува таа влажност сè додека не биде подготвена повторно да се ослободи кога повторно ќе се исуши воздухот.

Уште една позитивна карактеристика е тоа што ѕидот ќе трае илјадници години во споредба со 40-100 години од денешните стандардни градежни материјали. Исто така ако се направи премногу од смесата во текот на градењето, едноставно мешавината може да се врати во почвата како ѓубриво. И бидејќи конопот расте за само 14 недели тој е многу моќно, евтино и одржливо решение.

Конопот исто така не бара ѓубриво, пестициди и може да се користи во речиси неограничени капацитети. Би помислиле дека доколку државите се толку загрижени за климатските промени би го примениле овој градежен материјал, но очигледно не е така. Конопот(канабис) е нелегален во голем дел од државите во светот.

Сподели на Facebook
пати видено