Албанските власти влегле во приватна зоолошка градина и ги спасиле последните неколку прегладнети и повредени животни, кои можете да ги видите тука.

Претходно овој месец албанскиот министер за туризам и животна средина, Бленди Клоси, предводел мисија за спасување да ги отстрани животните од зоолошката градина во Safari Park Zoo, во Фиер, југозападна Албанија.

Најновите фотографии прикажуваат како прегледнета зебра, елен и лав се спасени од зоолошката градина од страна на полицијата и меѓународна добротворна организација за благосостојба на животните, FOUR PAWS.

Властите примениле сила за да поминат низ затворените порти на сафати паркот, бидејќи сопствениците го заклучиле откако се појавија шокантните фотографии на интернет. Ветеринарите од добротворната организација ставиле под седатив 12 животни: три лавови, мечка, антилопа, четири елени, лисица, зебра и желка пред да ги пренесат во јавен зоолошка градина во главниот град Тирана.

Сподели на Facebook
пати видено