Претседателот Трамп ја прифати драматичната понуда за средба на лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун и изјави дека ќе се сретнат до месецот мај. Веста била соопштена од висок јужнокорејски претставник, Чунг по средбата со Трамп во Белата Куќа. Местото на средбата сѐ уште не е откриено. Неколку часа по изјавата на претставникот, Белата куќа исто така ја потврди информацијата.

„Севернокорејците нудат да ја прекинат програмата за тестирање на нуклеарни проектили“, изјави Чунг пред официјалните претставници на Белата куќа. Токму тоа е и целта на разговорот помеѓу двајцата најконтроверзни лидери на држави.

Веднаш потоа Трамп објавил на Твитер: „Ким Џонг Ун разговараше за денуклеаризацијата со претставниците на Јужна Кореја, а не само за замрзнување. Исто така, нема тестирање на проектили од страна на Северна Кореја во овој временски период. Голем напредок е направен, но санкциите ќе останат сé додека не се постигне договор. Состанокот се планира!“

Сите се надеваат дека оваа средба ќе ги смири односите помеѓу Северна Кореја и САД и нема да доведе до нови конфликти и интернационален и глобален судир кој би можел да заврши со катастрофални последици.

Сподели на Facebook
пати видено