После празничното славје, борењето со вишокот килограми знае да биде вистински проблем. Но, за да се вратите во форма не е потребно да потрошите богатство на лични тренери, скапи диети и безброј часови во фитнес центри. Сѐ што ви треба е да одвоите 30-60 минути дневно и малку посветеност.

Сетот вежби е составен од фитнес тренер со 6 годишно работно искуство како личен тренер, кој им помогнал на многу дебели луѓе да ослабат.

1. Основната програма:

vz01

Сетот вежби треба да го повторите 10 пати или најмногу што можете, а после секој сет треба да одморите две минути.  Се состои од:

– 20 клекнувања
– 40 удари со рака
– 10 потскокнувања со исчекорување
– 10 склекови
– 20 допирања на рамето во положба за склекови
– 20 потскокнувања со рацете на подот
– 10 стомачни со удирања во седечка положба
– 10 поткревања на нозете во лежечка положба
– 10 вртења на горниот дел од телото  во седечка положба.

Овој сет вежби изведени како циклус е речиси еднаква на комплетна вежба со дигање тегови. Треба да почнете со клекнувања и потоа да ја следите програмата од лево кон десно (како што читате), но можете и да импровизирате мешајќи го редоследот на вежбите пред да направите пауза од две минути.

2. Вежби како за Робин

vz02

Секој мора да почне од некаде, а Бетмен рутината е вистински предизвик и е многу напорна за почетник. Но, не се откажувајте. Започнете со преполовување на бројот на повторувања (десет клекнувања наместо 20 итн.) но сепак обидете се во целост да го повторите сетот вежби десет пати. Сосема е во ред да правите паузи помеѓу вежбите или да се одморите малку во текот на една вежба, но секогаш направете го потребниот број вежби и повторувања на сетот. Потоа полека зголемувајте го бројот на поединечните вежби додека да го достигнете препорачаниот број.

3. Херој каков што Готам Сити го заслужува:

vz03

Откако сте го постигнале препорачаниот број вежби опишан погоре, време е да ги направите нештата малку потешки, и тоа или со намалување на времетраењето за одмор помеѓу повторувањето на сетот или зголемете го бројот на повторувања. Почнете така што ќе се одморате 25% помалку т.е. од времето за одмор одземете триесет секунди , па потоа одземете уште триесет итн. Доколку се решите да го зголемите бројот на повторувања, тоа исто така треба да го правите постепено (25 клекнувања, 13 склекови итн.) Кога ќе успеете да го намалите времето за одмор за 75 проценти и да го зголемите бројот на повторувања (на пр. 35 клекнувања, 18 склекови итн.) подготвени сте за следното ниво.

4. Метод на Темниот Витез:

vz04

Откако сте ја достигнале рутината на Бетмен, време е да станете вистински херој. Прво, вратете се на првичната препорачана програма од првата точка, но сега додадете тегови кои се врзуваат на зглобовите на рацете и нозете со тежина од два килограми. Потоа повторете ја точка 3, т.е. полека зголемувајте го бројот на повторувања и намалувајте го времето за одмор. Кога ќе го постигнете и ова, честитки Бетмени, вашата мисија е успешна!

Сподели на Facebook
пати видено