Додадете го зборот „вселенски“ пред било кој друг збор и веднаш истиот добива различно значење. Вселенски полицаец, вселенски археолог, а сега и вселенски погреб. Една британска компанија овозможува нова услуга со која ги испраќа остатоците на починатите во вселената.

Нивната пепел ќе биде ослободена во космосот, со што целиот свет ќе биде нивното вечно почивалиште, а тоа ќе чини 900 евра и вклучува видео и фотографии од настанот.

„Ascension Flights“ формирана од двајца дипломирани студенти од Универзитетот во Шефилд, Велика Британија, ги поминаа последните неколку години успешно испраќајки стотици предмети во вселената. Сега, по успешно ослободување на не-човечки пепел во вселената благодарение на нивното специјално дизајнирано Ascension 1 летало, тие ќе започнат со услугата за јавноста во ноември.

„Многу од првите генерации на фанови на вселената никогаш нема да го почувствуваат возбудливото гледање на Земјата и исполнување на нивниот сон за вселенски летови. Нашата нова услуга им овозможува на семејствата да ги исполнат своите соништа. Сметаме дека тоа е крајно испраќање на добро проживеан живот.“, изјавил ко-основачот д-р Крис Роуз.

Што всушност се случува? Леталото Ascension 1, опремено со камера, уред за следење и механизам за ослободување прикачен на балон исполнет со водороден гас, тргнува од Јоркшир. Откако ќе достигне височина од 25 километри и повеќе се уклучува механизмот и пепелта почнува да лебди во вселената. Балонот потоа се распаѓа и прицврстениот падобран го носи испразнетиот резервоар назад на Земјата, кој инспириран од пионерските ракети на Елон Макс ќе може повторно да се користи.

Сподели на Facebook
пати видено