Тинеџерка морала да биде спасена од пожарникарите откако ја заглавила главата во ауспух на камион на музички фестивал во Минесота. Веднаш откако ја ослободиле, 19-годишната девојка била уапсена за „малолетничко консумирање на алкохол“.

Главата на Кејтлин Стром била ослободена од ауспухот со помош на електрична пила. Наредниот ден Кејтлин објавила фотографија на која „позира“ со ауспухот и напишала: „Да, јас сум заглавената девојка во ауспухот, што знаете за тоа?“ Пожарникарите го отстранувале ауспухот 45 минути.

Шерифот на округот изјавил дека веднаш по „спасувачката акција“ ја уапсиле Кејтлин затоа што консумирала алкохол. Во САД е забрането консумирање алкохол за лица под 21 година. За нејзината „несреќа“ Кејтлин изјавила: „Сите се забавувавме и го видов големиот ауспух и си помислив ‘Еј мојата глава најверојатно ќе ја собере во тоа’. Затоа пробав. И навистина ја собра, ама не можев да ја извадам.“

Девојката не го познавала сопственикот на возилото. Но, човекот не сакал да ја тужи девојката затоа што му го оштетила возилото и ѝ рекол дека само му е мило што таа е во ред.

Сподели на Facebook
пати видено