Едно утро на асфалтот пред зградата, со големи букви напишав една реченица. Тој ден многу мажи решија да си останат дома. Наместо на работа, ги гледав како одат до продавница, носат производи, пиво, мезе. Други си го поправа тушот, кујните, сѐ што им заостанало со месеци. Децата беа среќни, затоа што татковците им беа дома, а јас се мислев, колку може да го промени светот, една единствена, обична реченица: „Душо, јави ми се кога ќе излезе твојот!“

Сподели на Facebook
пати видено