Еден млад човек повеќе нема сила за да продолжи во животот и паднал на колена и почнал да се моли.

„Боже, не можам да одам понатаму“, велел тој. „Крстот што го носам е премногу тежок.“

Бог го однел во една соба и му одговорил: „Синко ако не можеш да се справиш со неговата тежина остави го твојот крст тука и одбери си друг.“

Човекот бил пресреќен и одговорил: „Ти благодарам, Боже.“

Потоа сторил како што му било кажано. Кога влегол во собата, тој видел многу крстови – некои биле толку големи што нивните врвови не се гледале. Потоа забележал мал крст потпрен на далечниот ѕид.

„Јас го сакам овој Боже“, шепнал човекот. А Бог му одговорил: „Но, синко, тоа е крстот кој што ти штотуку го остави.“

Кога проблемите во животот ни изгледаат непремостливи, тоа ни помага да погледнеме наоколу и да видиме со што се справуваат останатите луѓе. Само тогаш ќе видиме дека сме посреќни отколку што сме мислеле.

Сподели на Facebook
пати видено