Времето е бесценето и повеќето од нас би се согласиле да живеат подолго, само под услов засекогаш да останеме здрави и млади.

Но, дали личноста може да го постојано продолжува својот живот со менување “детали”. Како автомобил или компјутер, да ги заменуваме деловите од нас кои престанале да функционираат.

Ако ја замислуваме иднината ова прашање и не се чини како нешто невозможно, но ниту пак како бајка- сите наши органи да се заменат со нови со помош на трансплантација. Но, прашањето останува, дали на овој начин, нашите животи би можеле да бидат продолжени? Легендарниот Дејвид Рокфелер, во период од 20 години имал 7 трансплантации на срце и 2 трансплантации на бубрег, а живееше до 101 година.

Ако навистина е точно дека животите би се продолжиле, нормално, секој би сакал да го види и доживее тоа. Но, цените за трансплантација на органи се прилично високи. Ќе треба да платите 450 евра за рамо, 1300 евра за око, а цената за срце чини повеќе од 220.000 евра. Сумирано, би ви требале близу 1 милион евра да направите целосна трансплантација на органите. Теоретски гледано, да, на овој начин би можеле да живееме подолго.

Трансплантациите на бубрези и срце со сигурност драстично би го продолжиле текот на животот и би живееле уште 20 години. Но, организмот заедно со имунолошкиот систем се доста ранливи и затоа неретко, трансплантациите се неуспешни, бидејќи телото одбило да го прифати органот. Па поради сите предизвици, медицината постојано се развива и сега за овој проблем пронашле решение со користење на матични клетки, кои можат да му помогнат на телото да се адаптира и да го прифати трансплантираниот орган.

Но, трансплантациите и да бидат успешни и целосно да бидат заменети сите органи и да живееме долг живот, дали сепак би успеале да живееме нормално, односно да се опоравиме од бројните операции и пропратните шокови.

А еве проста математика колку операции би ни биле потребни за да живееме 1000 години:

  • Просечен пациент би живеел 15-20 години со трансплантиран бубрег, што значи дека се потребни 66 операции.
  • Трансплантирано срце додава 20 години на животот, па за ова би било потребно 50 операции.
  • Трансплантиран црн дроб го продолжува животот за 30 години, во превод 33 операции.
  • Трансплантирани бели дробови го зголемуваат животот за 10 години.

Па потребни се 100 операции за 1000 години живот. Трансплантирани црева додаваат 5 години, што значи 200 операции. Што значи, шансите да живееме подолг живот благодарение на трансплантациите се големи и со добра прогноза, но во теорија, додека во пракса дали би се нафатиле на ризикот од толку операции, бидејќи и една операција е ризик сам по себе.

Сподели на Facebook
пати видено