Суемаја Џерард ќе го тужи нејзиниот шеф Јавдат Јавдат и Абу Даби Исламската банка во Англија за сексуална дискриминација, сексуално вознемирување и конструктивно разрешување. Тие ги негираат сите обвиненија.

Нејзиниот шеф и се заканувал дека ќе ја отпушти од работа доколку не ги исполни барањата на богатиот арапски клиент, кој сакал да инвестира 30 милиони евра.

Суемаја вели дека клиентот ја бомбардирал со љубовни пораки и песни во 3 часот наутро и откако ја поканил на вечера доцна во ноќта, незиниот шеф и се заканувал со отказ доколку не ја прифати понудата. Еден од нејзините колеги и рекол „Се однесува како да ти е макро“. Жената била менаџер за односи со јавност на банката и кога му кажала на шефот дека ќе ја одбие понудата, тој и одговорил дека таа си ја нема сфатено работата, како што треба.

„Во пораките ми се обраќаше со „Здраво моја розо,“ морав да избришам некои пораки и љубовни песни, затоа што не сакав да си го уништам бракот.“, вели Суемаја пред судот. Таа требала да оди на фудбалски натпревар со клиентот, како љубезност од банката поради големата инвестиција, но клиентот не бил заинтеренсиран за фудбал и константно ја убедувал Суемаја да одат на вечера.

Суемаја барала оштета од 94.000 евра и изјавила дека ќе се обрати на медиумите доколку случајот не се реши во нејзина корист. Од банката велат дека е нормално менаџерот да оди на вечера со клиент и дека нема ништо друго освен деловен однос.

Сподели на Facebook
пати видено