Една жена се шетала по улица и одеднаш видела некој старец, кој седел во стол-лулка на еден трем. Се печел на сонцето и изгледал среќен. Колку интересно – си помислила жената. Треба да го прашам овој дедо за тајната на долговечноста. Отишла кај него и му рекла:
– Здраво, господине. Може ли да ве прашам нешто?
– Може, да.
– Ме интересира која е тајната на долговечноста? Каков е вашиот живот? Како живеете?
– Па ништо интересно. Пушам по 3 кутии цигари на ден. Пијам по 5 пива и пола кило ракија на ден. Јадам многу масна храна. Од ништо не се ограничувам.
– Неверојатно! Неверојатно! И колку години сте вие?
– Па… 38.

Сподели на Facebook
пати видено