Маж од Нигерија го закопал неговиот татко во ново БМВ, наместо во ковчег, за да го „испрати“ со стил на локалните селски гробишта.

Богатиот син, идентификуван само како Азубуике, го изгубил неговиот татко поради старост, но кога бил жив му ветил дека еден ден ќе му купи скап автомобил.

Сепак синот не успеал да го исполни ветувањето кон својот татко, додека сѐ уште бил жив, затоа откако старецот починал во зафрленото село Ихиала, Нигерија, синот Азубуике платил околу 75.000 евра за автомобил од салон за да го погреба својот татко.

Неверојатната фотографија направена на погребот покажува како огромен автомобил е спуштен во огромен гроб длабок шест метри, ископан рачно во селото.

Сподели на Facebook
пати видено