Луѓето вадат и употребуваат сол веќе 8000 години. Како резултат на тоа, денес солта може да се најде секаде. Неколку прсти сол може да го претвори и најблуткавото јадење во нешто што би можело да се јаде. Но солта не е полезна само додека се наоѓате на масата или во кујната. Еве неколку други интересни примени.
1. Можете лесно да прочистите затнат водовод ако сипете чаша сол, половина чаша алкохолен оцет и една чаша сода бикарбона во него. По десет минути, истурете 2 литри врела вода.

2. Ставете четири лажици сол, една чаша издробен лед и малку вода во вашиот кафе-мат и гледајте како исчезнуваат дамките од кафе.

3. За да не ви прска додека пржите јајца, додадете малку сол во маслото.

4. Кога нешто ќе ви претече на шпоретот, многу полесно се чисти ако додадете малку сол

5. Солта е одлична за чистење на мрсните дамки. Истријте ја дамката со сол и алкохол во сооднос 1:4 и гледајте како исчезнува.

6. Ако ве чеша местото каснато од некој инсект, истријте го со малку солена вода, за да го ублажите чешањето и болката.

7. Ако ви смрдат обувките, посипете ги со малку сол.

8. Ако забележите дека од некое место ви влегуваат мравки, на истото посипете малку сол, бидејќи мравките избегнуваат да газат врз неа.

9. За да ја продолжите употребливоста на вашата четкичка за заби, потопете ја во солена вода.

10. Зиме ви се смачува да ги одмрзнувате стаклата на вашиот автомобил? Избришете ги стаклата со солена вода во текот на ноќта и наутро вашиот автомобил ќе биде подготвен.


