Колку и да напредувала науката во последните двеста години, постојат уште многу нешта кои не ги разбираме и не можеме да ги објасниме. Споделуваме список со неколку прашања на кои науката се уште не успеала да најде одговор.

crni-dupki

1. Од што се состои универзумот?

Вселената е непрегледна и огромна, а притоа и постојано се шири. Меѓутоа, ние можеме да објасниме само 5-20 проценти од вселената. Остатокот претставува темна материја, за која воопшто не знаеме што е. Темната материја е невидлива и не може да се дектектира, па научниците претпоставуваат дека таа постои бидејќи на тоа укажуваат мерењата на масата и гравитацијата. Единствен начин да се објасни неусогласеноста на тоа што се гледа и целата присутна сила е токму со темната материја.

2. Како настанал животот?

Животот претставува мистерија. Се претпоставаува дека животот на Земјата настанал пред отприлика 3 до 4 милијарди годин, но никој не може да објасни како и под кои услови. Многу научници се обиделе во своите лаборатории да ги повторат условте на Земјата во тој период, во надеж дека ќе можат да создадат во живот, но не успеале да сторат ништо значајно во тој поглед.

3. Дали сме сами во вселената?

Со оглед на тоа дека вселената е непрегледно пространство, во согласност со сите закони на веројатноста, би требало и некаде на друго место да суштествува живот. Научниците дури откриле и планети кои имаат слични услови како на Земјата. Се претпоставува дека таму можеби и постои живот, но ги немаме соодветните услови тоа да го детектираме, а можеби вонземјаните се многу поинтелегентни, па се кријат од нас.

4. Што е свеста?

Научниците сѐ уште не можат да ја усогласат дефиницијата за свеста. Дали и животните можат да поседуваат свест? Дали е возможно да се направат роботи кои би биле свесни? Дали свеста е обична илузија на нашиот мозок? Дали постои слободна волја или сѐ е условено? Сѐ се тоа прашања на коишто сѐ уште немаме дефинитивен одговор.

5. Дали постојат други светови?

Човечките сетила се ограничени и можеби не се достаточни да забележиме сѐ што навистина постои. Можеме да ракуваме со три димензии, но многу математичари денес размислуваат во повеќе димензии. Можеби во другите димензии постојат други светови.

6. Што се наоѓа на дното на океанот?

Ние многу повеќе знаеме за вселената отколку за длабочините на нашите океани. Океаните се доста непристапни, и се претпоставува дека сме истражиле само околу пет отсто од содржината на океаните во светот. Непрегледните длабочини ни се непристапни, бидејќи до таму не допира сончевата светлина и има голем притисок. Тоа што научниците успеале да го најдат се најразлични суштества кои светат во мракот и испуштаат некакви зразења. Еве одличен TED говор на таа тема.

Како да го запреме глобалното затоплување

Реалност е дека човекот со своите дејствија значително ја уништува животната средина. Глобалното затоплување и зголеменото испуштање на јаглерод диоксид сериозно ја менуваат климата. Индустријализираните земји кои се најголеми виновници се обидуваат тоа да го заташкаат, но ситуацијата сѐ повеќе и повеќе загрижува. Не се знае како и дали некако би било возможно да се поправи ситуацијата, додека не стане предоцна.

8. Дали ќе можеме да живееме вечно?

Многу научници сметаат дека научниот и медицинскиот напредок ќе доведе до тоа сите болести да бидат излечени, стареењето ќе биде запрено и дека луѓето ќе можат да живеат вечно. Секако, луѓето сепак би можеле да умрат ако на пример ги згази автомобил, но ќе престане умирањето од старост и од болести. Најоптимистичните веруваат дека тоа би можело да се случи до 2050. година, но дека тоа ќе им биде достапно само на богатите луе од богатите земји. Со бесмртноста доаѓаат и нови проблеми, но можеби сето тоа е само мечта и можеби човекот никогаш нема да успее во тоа.

9. Што се наоѓа во црните дупки?

Црните дупки претставуваат неповратни точки со огромна гравитациска сила, кадешто материјата бидува всисана, па дури ни светлината не може да ѝ избега. Времето и просторот таму се закривени. Целата материја таму е всисана во една точка, но научниците и понатаму не се сигурни како функционираат црните дупки.

10. Дали е можно патувањето низ времето?

Верувале или не, постојат теории во физиката кои докажуваат дека патувањето низ времето е возможно. Теориите се доста сложени за објаснување, но се признати во науката. Стивен Хокинг ги негира, сметајќи дека до сега веќе би ни пристигале туристи од иднината ако тоа би било можно. Други научници сметаат дека патниците се веќе тука, но се кријат. Севпкупно земено, патувањето низ времето со себе носи и определени парадокси. Еден од тие парадокси е и парадоксот на дедото. Што би се случило кога некој би се вратил во минатото во времето кога неговиот дедо сѐ уште не се оженил и би го убил. Тогаш се јавува парадокс, бидејќи ако дедото е убиен, тогаш и неговиот внук не би можел да се роди, па не би ни можел да патува низ времето.

Сподели на Facebook
пати видено