Денес во листата на криминални дела влегуваат уште еден тип на злосторства – хакерски напади и сајбер тероризам. Некои хакери остануваат анонимни, а други копнеат за слава, додека пак трети се фатени од властите и така влегуваат во категоријата „најпознати хакери во светот“. Животот на некои од познатите хакери е како од акционен филм. Некои прават сајбер криминал за пари, други пак се чини дека имаат добри намери, а некои се љубопитни. Еве ги приказните на 10-те најпознати хакери во светот:

Кевин Полсон

Кевин Полсон станал познат со хакирање на телефонските линии на радио KIIS-FM. Со своите вештини успеал да стане слушател 102, а наградата била Порше 944. Злобниот хакер од 1980-тите паметно се криел од ФБИ, но бил фатен во 1991 година. Неговата казна била пет години затвор. Властите му дале прекарот „Ханибал Лектор на компјутерскиот криминал“. Денес Кевин Полсон е главен уредник на Wired News.

Роберт Морис

Роберт Морис вметнал компјутерски црв на 2 ноември 1988 година. Злобниот чин донел до преземање на една десетина од глобалниот интернет, слабеејќи повеќе од 600 компјутерски системи. Нанесените штети биле во вредност од 15 милиони долари. Според образложенијата на Морис, ова било само број за кој тој жалел што го направил. Морис бил еден од првите осудени хакери според Законот за компјутерски измами и злоупотреба (CFAA), но неговата казна била парична и требал да изврши општествено корисна работа.

Владимир Левин

Владимир Левин е познат по тоа што го извршил првиот онлајн грабеж на банка. Всушност, Левин едноставно ги пренасочи разговорите на клиентите и ги меморирал броевите сметките и ПИН-кодовите. Во 1994 година преку својот лаптоп префрлил 10 милиони од сметките на клиенти на Citibank на својата сметка. Набрзо по операцијата и враќањето на речиси сите пари Левин бил фатен и осуден, но и брзо ослободен. Пресудата од 18 месеци, веќе ја отслужил за време на судењето.

Алберт Гонзалес

Алберт Гонзалес, со помош на својот сајбер тим и си користење на SQL injection техники создал малициозен софтвер за кражба на податоци од корпоративни мрежи. Според гласините, во периодот 2005 до 2007 година, групата продала околу 170 милиони картички и броеви. При неговото апсење биле конфикувани околу 2 милиони долари. Обвинет е како водач на грабежи на банкомати и кражба на кредитни картички. Во 2010 година, Алберт Гонзалес бил осуден на 20 години затвор.

Мајкл Калче

Мајкл Калче е автор на DDoS нападите врз познатите трговски сајтови како Amazon.com, Yahoo!, eBay, Dell и CNN. Во февруари 2000 година го хакирал Yahoo! и предизвикал исклучување од околу еден час. Тој е еден од хакерите кои ги правеле своите дела со цел да демонстрираат моќ. Во 2001 година, бидејќи имал само 16 години, Судот за малолетници му пресудил парична казна, ограничен пристап до глобалната мрежа, осуммесечен затвор и една година условна казна.

Дејвид Смит

Тој е автор на e-mail вирусот Мелиса. Според Смит, вирусот не го сметал за штетен, туку како средство за ширење на информации. Првично, вирусот бил скриен во датотека со лозинка за најпопуларните порнографски сајтови, а името на вирусот било позајмено во име на клубска танчерка во Флорида.

Адријан Ламо

Адријан ги извршувал своите дела по библиотеки и кафулиња и му бил дал прекарот „хакерот скитник“. Во 2002 година, Ламо навлегол во high-end компјутерските мрежи како што се Microsoft, The New York Times, MCI WorldCom и Yahoo !. За неговите напади, Ламо бил осуден да плати околу 65.000 долари и шестмесечен домашен притвор. Денес тој ги користи своите вештини како аналитичар на закани.

Гери Мекинон

Во 2002 година, на компјутер на армијата на САД ќе се појавила порака: „Безбедносниот систем не ви е добар“. Излегло дека авторот на пораката е систем администратор од Шкотска – Гери Мекинон. Тој има Аспергеров синдром, кој претставува блага форма на аутизам. Лицата со аутизам имаат тешкотии во комуницирањето и читањето, но тие често се гении во одредена област. Гери Мекинон бил обвинет за хакирање на компјутерските мрежи на американската влада – системи на армијата, морнарицата, воздухопловните сили и НАСА. Судот наредил Мекинон да биде екстрадиран во САД за околу 60 години затвор. Поради своето здравје, тој сѐ уште живее во Шкотска. Интересно е што кога упаднал во системот на НАСА Мекинон барал информации за НЛО. Гери тврди дека пронашол информации за тајна вселенска станица, листа на космонаути и тајни мисии. Хакерот смета дека НАСА ги ретуширала своите фотографии за ги отстрани вонземските траги.

Џорџ Хоц

Џорџ Хоц го хакирал PlayStation. Поради пробивот, хакерите успеале да навлезат во PlayStation Network и да ги украдат личните податоци на милиони корисници. Во април 2011 година, Sony и обвинетиот постигнале договор дека компанијата ќе се откаже од тужбата ако тој веќе не ги напаѓа нивните производи.

Џонатан Џејмс

Џонатан Џејмс, бил првиот малолетник, осуден за сајбер криминал во САД. Тој спровел серија успешни упади во многу системи како Одделот Безбедноста, DTRA и NASA. Обвинет е за кражба на софтвер, кој чинел повеќе од 1.7 милиони долари. На 18 мај 2008 година, 25-годишниот Џонатан Џејмс извршил самоубиство со пиштол.

Сподели на Facebook
пати видено