Смртоносните шумски пожари, кои се шират низ Калифорнија, принудија стотици илјади жители да се евакуираат, вклучувајќи и некои познати личности чии домови биле уништени во пожарите. Најмалку 200 луѓе се водат за исчезнати во пожарите, а досега се идентификувани 44 жртви.

Во меѓувреме, само урнатини останале од извонредните луксузни домови што им припаѓаат на пејачите Нил Јанг, Мајли Сајрус и Робин Тик и актерот Џерард Батлер.

Батлер објави фотографија на Твитер од изгорените остатоци од неговиот дом во Малибу и им се заблагодари на пожарникарите за нивната храброст.

Тик објави на Инстаграм пост заблагодарувајќи им се пожарникарите и волонтерите кои „ги ризикуваа своите животи обидувајќи се да го спасат нашиот дом“.

Мајли на Твитер изјави дека е „потполно уништена“ од пожарите што ја погодија нејзината заедница.

300.000 луѓе биле евакуирани за време на пожарите меѓу кои и ѕвездите Сајмон Ковел, Лејди Гага, Вил Смит и Ким Кардашијан.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено