Секојдневно по неколку пати на ден ги миеме забите, но повеќето од нас забораваат подетално да го исчистат и јазикот, кој е еден од главните виновници за лошиот здив. Сите ние забораваме дека чистењето на јазикот е важно исто толку колку и миењето на забите. На тоа не нѐ научиле како малечки. На јазикот најмногу се наталожуваат бактерии, што предизвикува бела наслага и лош здив. Овие бактерии во устата создаваат соединенија со сулфурот, кои се главните виновници за лошиот здив.

jz

Зошто лош здив имаме најчесто наутро?

Кога спиеме, помалку лачиме плунка и токму тоа на бактериите им овозможува добар развој. Во текот на денот, често пиејќи вода не им ја даваме потребната храна на бактериите. Исто така, за лошиот здив придонесуваат и конзумирањето алкохол, кафе, слатка и кисела храна кои го намалуваат pH вредноста во устата, како и недоволното пиење вода.

Еве како да ја одржувате хигиената на вашиот јазик.

1. Купете четкичка која ќе биде наменета само за јазикот и секое утро со неа чистете го јазикот сѐ додека не ги исчистите белите наслаги.
2. Навечер плакнете ја устата десеттина минути со сончогледово масло. Сончогледовото масло помага при ослободувањето од лошиот здив и ја намалува главоболката.
3. Жвакајте нане или ѓумбир. Состојките на овие билки даваат чувство на свежина и чистота во устата.
4. Пијете повеќе вода во текот на денот – особено по оброците.
5. Кога при рака немате четка и паста за заби, послужете се со специјална течност за плакнење на устата. Освен што ќе ви го измие јазикот, оваа течност ќе ви го намали забниот плак и ќе ви обезбеди свеж здив сѐ додека не добиете можност да си ги измиете забите како што треба.

Сподели на Facebook
пати видено