Родендените се одлични! Секоја година, денот кога сме родени, станува денот кога дуваме свеќи, добиваме подароци и се забавуваме со нашите најблиски.

Денес е нормално да се слави роденден, но не било секогаш така. Во античко време, иако родендените биле споменувани, не се практикувала нивна прослава. Тие биле резервирани само за боговите и благородниците, но дури и тие не ги правеле овие годишни забави толку често. Роденденските забави со торти и свеќи, како што ги знаеме денес се појавиле многу подоцна во историјата. Меѓутоа, овие ритуали се вкоренети во некои древни традиции.

Најраниот познат пишан доказ за церемонија што личи на класична прослава на роденден доаѓа од грчкиот историчар Херодот (5 век пр.н.е.). Тој пишувал за Персијците и како тие сакале да ги прослават нивните родендени за кои се претпоставувало дека биле придружени со јадење на торти.

Друго рано споменување на ритуал сличен на роденденската забава доаѓа од Битие(40: 20-22)

20 И третиот ден,  беше роденден на Фараонот, се одржа гозба на сите негови слуги; и тој ги подигна главите на главниот батлер и на главниот пекар кај неговите слуги.

21 И пак го врати главниот батлер на неговото братство; И тој ја подаде чашата во раката на фараонот:

22 Но тој го обеси главниот пекар: Како што им пренел Јосиф.

Огнот секогаш учествувал во ритуалите. Грците на божицата Артемида и принесувале торта со свеќи, како жртва. Артемида владеела со Месечината, па колачите често биле обликувани како ова небесно тело. Тие верувале дека чадот од свеќата ќе и помогне на Артемида да ги слушне сите молитви. Во антички Рим, прославите на родендените биле привилегија на благородниците. Кога некој од повисоките чинови на римското општество полнел 50 години смејството му организирало забава со торта.

Покрај сите гореспоменати антички ритуали кои се слични на роденденските прослави, традицијата за роденден започнала во Германија во 15-тиот век, кога германски пекари почнале да продаваат специјални еднослојни роденденски колачи, главно на родителите кои го славеле првиот роденден на своите деца. До 18-тиот век биле додадени и свеќите на тортите. Оваа верзија на роденденската прослава се викала Kinderfest (детска прослава).

За време на Kinderfest, децата биле носени во церемонијална сала, каде што имале слобода да го прослават нивниот роденден. Германците верувале дека злите духови можат да ја украдат душата на луѓето за време на родендените. За да го заштитат лицето кое слави, тие се обидувале да направат круг околу него и гласно да слават. Подароците не биле роденденска традиција тогаш, доволно било само да се искажат добрите желби. Ако некој донел подарок за славеникот, се сметал за добар знак за претстојната година на славеникот.

Сподели на Facebook
пати видено