Минатата недела.една жена од Тенеси се разбудила од кома која траела четири месеци и дознала дека родила здраво машко дете. Во декември, Шариса Гилс од Свитвотер, Тенеси, САД, се возела накај дома заедно со своите пријатели после концерт, кога по тешка сообраќајна несреќа завршила во болница. Нејзините повреди биле толку лоши, што докторите верувале дека таа никогаш повеќе нема да се опорави.

Во времето кога тоа се случило, таа била бремена пет месеци, и докторите решиле да ја породат предвремено. Се родило момче, на кое семејството му дало име Бејби Л.

Гилс најспосле успеала да го види своето бебе во среда, откако се пробудила од кома. Нејзиното семејство за Еј Би Си Њуз кажало дека Шариса ги отворила своите очи и веднаш почнала да го следи движењето на нејзината мајка во болничката соба.

sh-1

Тогаш нејзиниот татко ѝ покажал слика од нејзиниот син. Нејзината мајка Беверли вели:

„Тој ѝ ја покажа сликата на нејзиното бебе и таа ја погледна. Кога тој се сврте за да ја врати сликата назад, таа ја сврте главата со поглед следејќи ја сликата, сакајќи пак да ја види.“

Во меѓувреме, бебето е сосема добро, но останува но останува во одделението за интензивна нега за предвремено родени бебиња во медицинскиот центар при Универзитетот на Тенеси.

sh-2

Кога се родило, бебето тежело помалку од еден килограм, но напредува одлично и сега тежи 2.8 килограми.

sh-3

Што се однесува до Шариса, докторите не се сигурни за нејзината иднина, но сепак напредува многу подобро отколку што очекувале кога ја примиле во болницата во декември.

sh-4

Сподели на Facebook
пати видено