Кога минатата седмица нивната јахта од 225 милиони фунти впловила во Лондон, Тауер Бриџ морал да се крене за јахтата да може да мине. Но, кога станува збор за невообичаено раскошниот живот на сопствениците Андреј Мелниченко и неговата гламурозна жена Александра, оваа пловечка палата е само врвот на ледениот брег, што се вели. Со нивното богатство од 8,5 милијарди фунти, оваа двојка не се срами да се расфрла со нивните пари на најекстравагантни начини.

ol01

Како и секој милијардер кој држи до себе, Андреј Мелниченко е горд сопственик на суперјахта. Креативно именуван како „Моторна јахта А“, овој брод е дело на францускиот дизајнер Филипе Старк. Јахтата е долга 118 метри, теша 5,959 тони и има прозорци дебели околу 2 сантиметри, кои се отпорни на бомби. Јахтата има осум палуби, дискотека со стаклен таван и  базен над неа.

ol02

Но, ова не е единственото луксузно пловило на 44-годишниот индустријалец. Нивната нова јахта е долга 142 метри и е на деветто место по должина во светот, има три јарболи кои се повисоки од кулата на Биг Бен и наводно чинела 313 милиони фунти.

ol03

Покрај тоа, поседуваат палата во близина на палатата на англиската кралица, полна со скапоцености и вредни уметнички дела. На нивната свадба со специјален лет биле донесени Витни Хјустон, Кристина Агилера и Енрике Иглесијас за да настапат за време на свеченоста, што ги чинело околу 1 милион фунти, а целата свадба чинела 3 милиони.

ol04

Сподели на Facebook
пати видено