Овие младенци го однесоа поимот свадба во бело, на едно поинакво ниво и се венчаа во ужасни временски услови, одбивајќи да се покорат на снегот кој го донел „ѕверот од истокот“. Џема Сваинстон-Рајнфорд и Стивен Лукок ја испланирале нивната бајковита венчавка за 28 февруари, во Alnwick Treehouse во Нортумберленд, Англија. Но, тие не претпоставувале дека ќе бидат придружени од снежна виулица и температури под нулата.

И покрај тоа што еден дел од гостите кои доаѓале од југ, морале да се откажат од патувањето поради временските услови, венчавката продолжила и била една од единствените церемонии што се одржале во тој ден, според регистраторот. Нивниот најсреќен ден во животот не почнал најдобро, бидејќи локален земјоделец го превезол таткото на младоженецот до местото на венчавката, затоа што му испаднало тркалото по патот.

Дури и од локалното радио почнале да навиваат за младенците. „Вечер пред свадбата Џема плачеше, мислејќи дека нема да успееме, а и шминкерката ѝ се јави за да ѝ каже дека нема да може да дојде поради лошото време. Кога гостите почнаа да откажуваат, ние помисливме на најлошото, но добивме снежна бајка која никој нема да ја заборави. Фотографот Шон Елиот целосно импровизираше и успеа да направи неверојатна работа, дури и во ледената состојба. Сите можат да ги видат резултатите. Ние не ни сонувавме дека ќе имаме таков совршен ден.“, вели младоженецот, Стивен.

Свадбениот фотограф Шон Елиот успеа да направи неверојатни фотографии од свадбената церемонија на младенците, докажувајќи дека Бурата Ема и ѕверот од истокот не можат да ја победат вистинската љубов.

По настанот, наградуваниот фотограф изјавил: „Вау! Не можев ни да замислам дека денес венчавката ќе се одвува толку добро! На венчавката имаше толку многу другарство… од непознати и фармери кои ги носат гостите до локација, до луѓе кои влегуваат во последен момент. Неверојатно!“

Сподели на Facebook
пати видено