Пабло Ескобар рекол: „Секој има цена, важно е да дознаете која е таа“. Џеси од Онтариот сподели на социјалните мрежи необична приказна за крадец кој успеал да му го поткупи најдобриот другар, за да си ја оствари целта.

Најголем дел од луѓето веруваат дека кучето е најдобар пријател на човекот, сепак ова не важи за Џеси. Тој веќе трет пат го фаќа своето куче Бриклбери како прима „мито“ од мечка.

Умната мечка сфатила дека за да дојде до кантите на Џеси треба некако да се „пробие“ преку неговиот „чувар“ Бриклбери. За среќа на мечката кучето е слабо на коски од елен и така таа редовно почнала да му ги носи, а за возврат тој ѝ дозволувал да чепка по кантата.

Џеси не знае како да ја запре „криминалната банда“, но вели дека сепак си го сака своето куче, кое што освен што може да се спријатели со мечки, тој е во одлични односи и со неговиот син.

„Мојот идиот крзнен син има една работа навечер – да лае на работи и да ги натера да си заминат. Лесно зарем не? СЕПАК, мечка сфатила дека мојот крзнен син може да се поткупи. Ова е ТРЕТ ПАТ како добива коски од елен во замена за пристап до моето ѓубре, И ТОЈ ПРОДОЛЖУВА ДА ГО ПРАВИ ТОА.“, напишал Џеси на Твитер.

Сподели на Facebook
пати видено