Актерката Џенифер Еспозито додека ја снимала серијата „Која беше Саманта?“ (Samantha Who?) имала невообичаени здравствени проблеми, но кога се јавила на лекар, ја сместиле на психијатриско одделение поради погрешна дијагноза, по што минала низ доста непријатен животен период.

Серијата се прикажувала од 2007 до 2009 година и во тој период за време на снимањето еден ден на Џенифер ненадејно ѝ испаднал заб од устата. Со оглед на тоа што и без тоа не се чувствувала добро, нејзината колешка Мелиса Меккарти се загрижила за неа.

je

“Мелиса ми кажа дека нешто не е во ред со мене, дека сум болесна. Ѝ кажав дека знам, но дека никој не ме слуша. Затоа уште еднаш појдов на лекар иако не знаев да му објаснам за што точно се работи, но замолив за помош и му кажав дека нешто не е во ред, дека ќе си излезам од кожата ако не откриеме што е“, раскажала Еспозито во емисијата на Опра Винфри.

Но, прегледот и разговорот со лекарот не одел како што треба.

„Мислев дека ќе ме примат во болница, а тие ме пикнаа на психијатриско одделение. Знам дека си мислев – па како стигнав овде?…Имав телесни проблеми, а не умствени. Се чувствував како да умирам – косата ми паѓаше, трепките и веѓите исто така, а исто ми се случуваше и со ноктите и забите. Ужас!“

На крајот на Џенифер Еспозито ѝ дијагностицирале целијакија, болест што се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен, но за која тешко се поставува дијагноза и понекогаш се потребни и повеќе од десет години да се препознае болеста, поради што многу пациенти живеат со болеста несвесни за неа. Симптомите често се незабележливи, и опфаќаат анемија, проблеми со забите, општ замор и слабост.

Поради ова 43-годишната актерка решила што повеќе да зборува за болеста.

„Секој оваа болест ја проживува индивидуално. Со оглед на тоа што требаше толку долго време да се дијагностицира, јас сѐ уште се борам со тоа. Што се однесува до мене, тоа е автоимуна болест. Има денови кога сум одлично, а има и денови кога ме боли секој мускул на телото и се чувствувам ужасно. Се работи за болест на која морам да внимавам буквално секој ден.“

Сподели на Facebook
пати видено