Робувавте и се потевте. Дури и внимававте што јадете. И НАЈПОСЛЕ, ете НАЈПОСЛЕ успеавте да се ослободите од вишокот сало кој толку долго време ве мачеше.

Иако е прекрасно тоа што тие килограми на сало веќе не се на вас, сепак се наметнува прашањето: а каде заминаа?

lady

„Точниот одговор е дека поголемиот дел од масата се издишува од телото во вид на јаглерод диоксид. Исчезнува во воздухот.“ вели Рубен Мирман, физичар и коавтор на научна статија објавена во Британскиот медицински журнал. „Јас ослабев 15 килограми во 2013 и едноставно сакав да знам каде отидоа тие килограми. По самостојно истражување на полето на биохемијата, налетав на овој неверојатен резултат.“

„Постои изненадувачко незнаење и конфузија за метаболичкиот процес при губењето тежина“, се согласува проф. Ендрју Браун, директор на Училиштето за биотехнологија и биомолекуларни науки при Универзитетот на Јужен Велс. „Многу професионалци и експерти за фитнес и општо здравје неточно претпотавуваат дека мастите се претвораат во енергија или топлина, но тоа не е така.“

Ако ги следите атомите на 10 килограми масти додека тие се „губат“, 8.4 килограми се издишуваат како јаглерод диоксид низ белите дробови. Останатите 1.6 килограми стануваат вода, која може да се излачи преку мочта, изметот, потта, здивот, солзите и други телесни течности, тврдат авторите на научната статија.

„Ништо од ова не им е очигледно на луѓето бидејќи јаглеродниот диоксид кој го издишуваме е невидлив гас.“

ms02

Повеќе од половината од 150 доктори, диетичари и лични тренери анкетирани од Мирман мислеле дека телесните масти се претвораат во енергија или топлина.

Сподели на Facebook
пати видено