Градоначалникот на Атлборо, Масачусетс, Пол Херукс, бил скршен кога дознал дека на неговата најдобра пријателка Мура ѝ остануваат само уште неколку месеци од животот.

Тој требал да замине на одмор на Блискиот Исток, но наместо тоа, го откажал патувањето и одлучил да го однесе своето куче на последна прошетка. Но, ова не била обична прошетка, Пол и Мура заедно поминале 24 држави за да дојдат до нивната финална дестинација, Канада.

Тие ги посетиле Нијагарините водопади, Маунт Рашмор и Јелоустон, пред да стигнат до Британска Колумбија. Потоа тргнале кон југ и го посетиле Големиот Кањон. Исто така се фотографирале на Голден Гејт мостот во Сан Франциско. Дуото, исто така, застанало во Меморијалниот споменик на Оклахома и Сент Луис пред да се врати дома назад во Масачусетс.

Мура е покрај Пол веќе 10 години и често е заедно со него во општинската зграда, која е пријателски настроена за животните. Пол вели дека со хемотерапијата Мура има 50 шанси да живее уште 6 месеци и 10% да живее една година. Тој се надева дека ќе ужива во нејзиното друштво што е можно подолго и планира да напише книга за деца посветена на нивните авантури.

Сподели на Facebook
пати видено