Лакиша Робинсон го возела својот 15-годишен син до училиште кога забележала дека има нов мобилен телефон. Сомневајќи се, оваа мајка од Флорида, САД, го зела телефонот и почнала да го испрашува како го добил. На крајот го пријавила својот син во полиција – надевајќи се дека тоа ќе му одржи важна лекција за одговорното однесување.

lk

Како што известуваат американските медиуми, штом го видела својот син Крис Солтерс со новиот телефон, Робинсон знаела дека нешто не е во ред. Нејзиниот прв потег бил да го дознае сопственикот на телефонот, кој ѝ кажал дека телефонот му бил украден заедно со паричникот и кредитните картички. Со него се сретнале, и соочен со очигледните докази, нејзиниот син признал. Тој и неговите пријатели краделе предмети од незаклучени автомобили.

Но, на Робинсон воопшто не ѝ паднало жал за син ѝ и повикала полиција. Кога силите на законот го посетиле нивниот дом, ѝ покажале снимка од една од кражбите, снимена од камерите за видео надзор. Робинсон го препознала својот син како еден од крадците на снимката, а покрај тоа именувала и двајца од неговите другари кои исто така биле снимени.

Некој би се изненадил една мајка да може да го прати својот син во затвор. Како што коментира еден граѓанин:

„Да се пријави сопствениот син за извршено злосторство е најтешкото нешто што еден родител би можел да го стори.“

Но, за Робинсон во прашање е нешто многу поважно. Таа за медиумите изјавила дека нејзиниот син треба да научи важна лекција за последиците.

„Луѓето не работат напорно за ништо…Сакам тој да научи дека мора да биде одговорен за своите дела.“

Иако Солтерс можеби сѐ уште не разбира низ што минува неговата мајка за да може да така да го пријави, жртвите на кражбите многу добро го разбираат тоа, и многу ја ценат нејзината постапка. „Ќе дојде време кога тој многу ќе ја почитува мајка си, и ќе знае колку многу таа го сакала.“

Сподели на Facebook
пати видено