Ликот на Ал Пачино стана општо познат низ целиот свет благодарение на неговите бесмртни улоги во филмови како „Скарфејс“ и „Кум“. Но, неговиот некогашен опасен изглед е далеку зад него. 76-годишниот актер натрупал доста килограми и просто не личи на себеси на оваа слика снимена неодамна.

Што се однесува до неговата улога во „Кум“, филмот кој го прослави, неговото добивање на улогата поминало со доста контроверзи, со оглед на тоа што во предвид биле земени во тоа време веќе етаблирани актери како Џек Николсон и Роберт Редфорд, додека за сметка на тоа Ал Пачино бил сосема непознат. Во 2014 година Ал Пачино изјавил: „Не сакав да играм во `Кум`. Воопшто немав претстава што се случуваше. Си мислев – како ли ќе ја одиграм оваа улога?“
„И никој не сакаше да играм во тој филм. Освен Копола кој беше, како што си мислев тогаш, малку луд. Тој ме сакаше само мене. Дури и јас еднаш го прашав – Што правиш Френсис? Тие не сакаат јас да играм.

Се разбира, Ворнер Брадерс рекоа: `Кое е ова момче?! Зошто толку сакаш тој да игра? Што гледаш во него?` Си помислив, ќе си ја загуби работата. Ниту Брандо не го сакаа, со сета почит.“

Пачино подоцна се прослави и во улоги во филмовите „Лице со лузна“ и „Мирисот на жената“ – кој 1993 му донесе Оскар за најдобар актер.

ap01 ap02 ap03 ap04 ap05 ap06 ap07 ap08 ap09

Сподели на Facebook
пати видено