Деновиве тимот археолози на проф. Николај Овчаров во археолошкиот локалитет Перперикон во Источните Родопи, Бугарија, истражувајќи наишле на многу невообичаена и зачудувачка глетка. Се работи за костур на четириесетгодишен маж од тринаесеттиот век кој инаку е совршено недопрен…освен тоа што во пределот на срцето му е забиен железен предмет и му се скршени нозете. Се смета дека ова е ритуал против повампирување и е резултат на вампирска хистерија која ја зафатила Бугарија во средниот век.

На метар од тој гроб е пронајден друг гроб кадешто се закопани мајка и дете во положба на Богородица со детето Исус, за што проф. Овчаров смета дека е ритуал против епидемија на чума.

Ова не е прв ваков случај во Бугарија. Пред две години скелети со забиен железен колец во пределот на срцето беа пронајдени во Црноморскиот регион, а во 2004 археологот Петар Балабанов открил шест костури приковани за земјата во близина на Бургас. Вакви ритуали се применувале и во други балкаски земји

.vamp01

vamp02

vamp03

Сподели на Facebook
пати видено