Учителката ги прашува децата:
– Деца, кажете ми кое е најскапото нешто што го знаете?
Петар веднаш крева рака да се пофали дека тоа е автомобилот на неговиот татко. Марија вели дека тоа е златниот ѓердан на нејзината мајка.
Зоки:
– Највредното нешто, госпоѓо, е менструацијата!
– Зоки, Зоране, знаеш ли ти воопшто што е тоа?
– Не, г-ѓо, што е менструација не знам, но вчера сестра ми кажа дека нејзината менструација исчезнала и татко ми доби инфаркт, мајка ми се онесвести, а братучед ми скокна од прозорецот…

Сподели на Facebook
пати видено