Кочански мафијаш оди на доктор:
– Докторе, јас дојдов да ме кастрираш!
– Како така да ве кастрирам?
– А бе, дојдов да ме кастрираш!
– Ама, како така? Вие сте млад човек. Не можам така да ве кастрирам.
– А бе, слушај ме сега! Сите се кастрираат и јас ќе се кастрирам!
Докторот сакал-нејќел, му ја направил операцијата. Кочанскиот мафијаш излегува од кабинетот и неговата девојка која го чекала пред вратата го прашува:
– Зошто се задржа толку време? Те вакцинираа ли?
– Лелеее, сум го згрешил зборот…

Сподели на Facebook
пати видено