Во видеото е прикажан еден неверојатен момент како огромен Грбав кит тежок над 22.000 килограми ја заштитува жената – морски биолог од ајкула која се приближува. Тој ја заштитува така што ја турка надвор од „опасната зона“. Хипнотизирачките снимки беа снимени во водите покрај плажата Мури, Раротонга, на островите Кук во Јужниот Пацифик. Биологот за китови, Нан Хаузер вели дека Грбавиот кит ја заштитил неа и нејзината екипа од ајкула-тигар, ставајќи ја под перка и користејќи ја главата и устата за да ја турне.

Нан вели дека инцидентот, кој се случил во октомври, е доказ за интуитивната природа на китовите за заштита на други видови животни, вклучувајќи ги и луѓето, нешто за што таа верува дека никогаш не било фатено на камера. Биологот го спореди ова со пожарникарите кои брзаат во домовите каде што има пожар за да спасат непознати луѓе.

Биологот вели дека надвор од кадарот уште еден кит ја користел опашката за да ја разбранува водата за да ја пренасочи ајкурата. Таа додава: „Смешно е како работите се свртеа, ги поминав изминатите 28 години штитејќи китови и во моментот, дури не сфатив дека тие ме штитат мене!“

Сподели на Facebook
пати видено