Кинеска градежна компанија го изненади светот со својот нов рекорд во градежништвото – изгради комплетна 4-катна зграда за само една ноќ. Да се направи вакво чудо е можно благодарение на новата технологија на градежни плочи. Секоја плоча е направена од шупливи цевки, кои се наполнети со минерална волна како топлинска изолација. Плочите се со дебелина од 15 сантиметри, а димензиите им варираат од 3 x 2 до 12 x 2 метри. Ова во голема мера ја забрзува градбата, односно на градителите им преостанува само да ја постават металната конструкција и да ги наредат плочите.

Според производителот, една ваква плоча е околу 10 пати полесна од класичната бетонска плоча, а нејзините антикорозивни својства се до 100 пати поефикасни од обичното железо. Производителот тврди дека ваквите плочи немаат ограничување на животниот век.

Сподели на Facebook
пати видено