Жител на градот Чанша, административен центар на провинцијата Хунан по грешка добил од банка добил 1,2 милијарди јуани (175 милиони долари). Чесниот Кинез веднаш ги вратил.

За својата достојна постапка господин Ли добил доста скромна награда – чек од 30 долари и кутија цигари. Имено, тој отишол да отвори сметка во една од градските банки, но поради грешка на операторот по само два часа тој станал сопственик на вистински дебела сметка. Службениците во кредитната институција доста брзо ја откриле погрешната трансакција кон новиот милионер. Тој добил телефонски повик од банката, чиишто менаџери го замолиле да ги врати парите, што тој веднаш и го направил.

cg

Грешката се случила кога неискусен службеник во полето за сумата на трансакцијата го напишал бројот на картата на клиентот. Ли изјавил дека таква грешка може да се случи секому и замолил виновниот службеник да не биде казнет. Во знак на благодарност тој од банката добил триесет долари и кутија цигари.

Сподели на Facebook
пати видено