Во кинескиот градот Женгжу, главниот град на провинцијата Хенан, чесниот продавач е во потрага по еден од неговите клиенти, кој платил за 1 јадење речиси 150.000 јуани (22.000 долари).

Уплатата се случила на 2 април, но сопственикот на малиот бизнис, чиј просечен месечен приход е 10.000 јуани, дознал неодамна, кога ги средувал сметките за изминатиот месец. Клиентот платил преку мобилен телефон, а според мислењето на продавачот, тој веројатно во полето каде што треба да се внесе износот, ја внел својата лозинка.

Најчудно е тоа што откако лицето ја направило нарачката, воопшто не се појавило во дуќанот. Сопственикот на продавницата се надева дека тој ќе може да го најде својот клиент со помош на интернет, за да може да му ги врати парите.

Сподели на Facebook
пати видено