Презентерка на временска прогноза во телевизија во Кина стана интернет сензација откако луѓето забележаа дека не остарела ниту еден ден во текот на нејзината 22-годишна кариера. Таа прв пат почнала да ја води програмата за временска прогноза кога имала 22 години, во 1996, а сега Јанг Дан има 44 години и е прогласена за „безвременска божица“, откако компилационото видео за неа беше споделено на интернет од Централната телевизиска станица во Кина.

На видеото се гледа како изгледот на Јанг им пркоси на нејзините години, уште од 1996 година кога Џон Мајор беше премиер на Обединетото Кралство, Бил Клинтон беше американски претседател и интернетот беше уште чудна работа.

Од одделот за временската програма напишале: „Многу веб-корисници пораснаа гледајќи ја нејзината емисија. Тие се восхитуват затоа што остареле со неа, но таа не е. Дури се чини дека секој ден е сѐ помлада и помлада.“

Г-ѓа Јанг е родена во ноември 1973 година. Дипломирала на Институтот за радиодифузија во Пекинг во 1995 година и работи на временска програма за Централната телевизиска станица во Кина од 1996 година. Таа е домаќин на две временски емисии во Централната телевизиска станица во Кина и временската програма на кинеското национално радио, според кинеската медиумска група Хуафен.

Сподели на Facebook
пати видено