Обичен човек речиси и да не може да ја препознае разликата ако ја види само кинеската копија.

Кинеската компанија Шандонг Килу Фенгде од провинцијата Шандонг го претстави електричниот автомобил P8 со дизајнот на суперавтомобилот Bugatti Chiron. Автомобилот спаѓа во најниската категорија на електрични автомобили LSEV (Low-Speed ​​Electric Vehicle), а неговото управување не бара дури ни возачка дозвола. Цената на автомобилот е 31.999 јуани, што е малку повеќе од 5000 американски долари.

Во кабината има дигитална табла со инструменти и мултимедијален систем со 7-инчен екран.

Автомобилот го движи електричен мотор, придвижуван од оловно-киселински акумулатор. Со едно полнење може да помине 150 km, а времето за полнење од обичниот домашен штек е 10 часа. За категоријата LSEV максималната брзина е ограничена на 50 km/h, но според производителот, таа изнесува 65 km/h.

За крај да го споредиме P8 од 5000 долари со Bugatti Chiron кој се продава за 2 милиони долари.

Сподели на Facebook
пати видено