Кина се пофали во видео како функционира во акција нивното ново смртоносно беспилотно летало.

Бомбардерот „Винг Лонг II“ кој е „невидлив“ за радарите успешно ги уништил целите со проектили со ласерска навигација за време на вежбата над пустината Гоби.

Како воен дрон од новата генерација на Кина „Винг Лонг II“ може да се пофали со максимална брзина од 370 километри на час и може да достигне надморска височина од 9.000 метри. Овој воен дрон се смета како одговор на MQ-9 Reaper, најстрашниот дрон-бомбардер на воздухопловните сили на САД.

Подвижен со турбински мотор, авионот може да врши извидување и борбени мисии и да носи дури 14 ракети. Тој е способен да лета 20 часа без да има потреба за повторно полнење на гориво. Леталото автоматски би можело да избере аеродром и да изврши принудно слетување под неочекувани околности.

Леталото е опремено со мали ласерски проектили кои можат да погодат цели од 30 до 40 километри. Сепак ова не е сѐ од Кина. На почетокот на оваа година се шпекулираше дека Кина развила суперсоничен борбен авион без екипаж наречен „Темен меч“. Се тврди дека „Темниот меч“ би можел да лета на 1190 километри на час, невидена брзина за беспилотни воени авиони.

Сподели на Facebook
пати видено