Во Кина има 170 милиони камери за видео надзор, а 400 милиони ќе бидат инсталирани до 2020 година. Покрај тоа што го има најголемиот систем за видео надзор во светот, Кина исто така инвестира во вештачка интелигенција и технологии за препознавање на лица.

Во демонстрацијата на технолошката моќ, кинеските власти го лоцираа и уапсија новинарот на Би-Би-Си Џон Судворт само седум минути откако неговата фотографија беше „таргетирана од властите“. Сепак, ова не беше вистинско апсење. Тоа беше само вежба за да се покаже моќта на камерите за надзор на нацијата и напредната технологија за препознавање на лица. Судејќи според брзината на фаќањето на Џон, јасно е дека системите за следење на Кина се несомнено способни за многу нешта.

Додека Кина ги користи своите системи за надзор за поддршка на полициските истраги и ја зголемува севкупната безбедност, приватните корпорации, исто така, ги користат овие технологии за следење на работниците. Некои тврдат дека технологијата лесно може да се злоупотреби од страна на владата.

Од гледна точка на ефикасност, кинескиот систем за надгледување е импресивен. Но, заканата од тоа да се користи на злобни или неетички начини е многу реална. Ова е особено моќно поради употребата на новинар во оваа демонстрација. На пример, на места како Турција, новинарите се убиваат и затвораат. Не сите влади го почитуваат правото на слободен говор, а оваа технологија отвора еден свет на „кошмарски можности“.

Доколку не се правилно регулирани, ваквите екстензивни системи за мониторинг би можеле драматично да влијаат на размена на информации и модерното новинарство. Во моментов новинарите се во можност да патуваат и да ги покриваат приказните во повеќето земји без сериозно мешање од владата на таа нација. Но, ако се повеќе и повеќе влади ја користат технологијата за надгледување за да ги следат, не само што новинарите ќе бидат во опасност, туку и информациите за активностите во повеќе авторитарни земји можеби нема да бидат достапни.

Ако „Големиот Брат“ гледа, кој ги води неговите очи? Оваа технологија иако може да биде од голема помош, може целосно да го уништи правото на приватност и да ги загрози животите на луѓето.

Сподели на Facebook
пати видено