Сакате да слушнете свеж приод кон популарната музика? Не барајте повеќе, слушнете ги Аби и Сара. Ова дуо со нивното свирење на фолк гитара и изненадувачки зрели гласови кружат онлајн и по телевизиските станици во САД. Имаат само 10 години, но веселите близначки зедоа учество на „Шоуто на Елен“, правејќи обработки на песните на Сем Смит на нивниот шармантен и особен начин.

Овде прават обработка на песната „I’m Yours“ (Јас сум твој) на Џејсон Мраз. Девојчињата пеат уште од нивната четврта година и веќе развиле систем на хармонизирање на мелодиите; Аби ги пее хармониите а Сара го пее „долниот дел“, како што самата објаснува.

Сподели на Facebook
пати видено