Плејбој манекенката Дени Медерс најверојатно ќе биде кривично гонета откако полицијата успеала да ја најде жената која што таа ја сликала гола во салата и потоа ја исмевала на социјалните медиуми. Полицијата на Лос Анџелес наводно ја нашла жената која во нејзините седумдесетти и на обвинителите ќе им препорача да покренат обвинение за распространување приватни слики, што носи казна до шест месеци затвор.
Жената која била фотографирана сака законот да биде спроведен во целост. Откако ја објавила сликата на интернет, 29-годишната Медерс се соочила со огромни критики и гнев. „Поради таквите како тебе на луѓето им е неудобно да се соблечат во гардеробите“, ѝ одговараат на нејзината објава на Твитер. „Сега голото тело на таа кутра жена кружи по интернет иако таа никогаш немала намера за такво нешто. Навистина тажно“, пишува друг.
Медерс веднаш ја сменила песната, велејќи дека сликата ја постирала „случајно“ и воопшто не ѝ била намерата да понижува некого, дека воопшто не е таква личност. Но, без разлика на тоа, нејзината лоша постапка веднаш се одразила на нејзината кариера, бидејќи била отпуштена од радио емисијата која ја водела, а морала да се извини и на редакцијата на Плејбој. Згора на сѐ, забранет ѝ е влезот во сите фитнес сали во Лос Анџелес поради тешко нарушување на приватноста на посетителите.