Веќе трета година по ред се одржуваат наградите за „Комични диви животни“, а и оваа година како и претходните две фотографиите се урнебесни. Оваа година има шест категории: „Суштества на земјата“, „Воздух“, „Неверојатна интернет-портфолио категорија“, „Јуниор категорија“, „Подводна категорија“ и „Категоријата видео клипови на Алекс Вокер Серијан“. Овие слики се само почеток бидејќи пријавувањето трае до 17ти септември.

„Комични диви животни“ се реализира со помош на фондацијата „Родени слободни“, меѓународна хуманитарна организација за диви животни, посветена на благосостојбата и конзервацијата на дивиот свет. Тие, исто така, учествуваат во спасувања на животните и постепено отстранување на заробеништво.

Доколку Ви се допаднаа најсмешните „фаци“ за 2017 година (до сега), надолу погледнете ги финалистите кои заслужено го добија своето место во 2016 година.

 

 

Сподели на Facebook
пати видено