Досега, 48 луѓе загинаа во „Кемп Фајер“ а повеќе од 200 се водат за исчезнати, додека екипите за спасување ги бараат жрвите со помош на кучиња трагачи. Очајни од опасноста од огнената стихија властите на Калифорнија направија потег, кој во исто време многу луѓе го охрабруваат, но и критикуваат.

Тие распоредија 200 затвореници од затворите со минимална безбедност да им помагаат на вистинските пожарникари. 16 екипи на затвореници им помагаат на 9.000 пожарникари да се борат со најсмртоносните и најскапите пожари во историјата на државата.

Калифорнија им плаќа на затворениците 2 долари на ден и плус 1 долар од час за нивната „доброволна работа“. Затворениците исто така добиваат помали казни за нивната работа.

Тие претходно обука од две недели, која вклучувала една недела инструкции во „училница“ и една недела вежби на терен.

Користењето на затвореници како пожарникари не е нешто ново за Калифорнија.

Иако некои луѓе сметаат дека затворениците се „експлоатирани“ и „немаат избор“, или пак дека се опасни за луѓето, скоро сите затвореници изјавиле дека со задоволство ја извршуваат оваа доброволна работа и дека им помага повторно да се интегрираат во општеството и да бидат од корист, а не штета, за заедницата.

Сподели на Facebook
пати видено