Пред помалку од пет години, новата армија на егзорцисти била создадена од Римокатоличката црква. Тие биле обучени да се справат „невиден пораст“ во барањата за помош во борбата против злите духови. Црквата тврди дека зголемувањето на опседнувањето со демони е поврзано со лесниот пристап до интернетот и информациите за „мрачните ритуали“.

Отец Франческо Бамонте, од Меѓународната асоцијација за егзорцисти во Италија, изјавил: „Ѓаволските опседнувања се во пораст како резултат на луѓе кои се „претплаќаат“ на окултизам. Неколкуте егзорцисти што ги имаме во епархиите често не можат да се справат со огромен број барања за помош.“

За оние кои што веруваат во опседнување, знаците на демонски владенија вклучуваат: лице кое зборува на чудни / непознати јазици, неконтролирано тресење и / или повраќање чудни предмети како што се ноктите, метал и стакло. Католиците тврдат дека ритуалот на егзорцизам е единствениот начин да се ослободи човек од злобно суштество. Егзорцизмите вклучуваат свештеник кој се повикува на името на разни светци, Архангел Михаил и Бог.

Егзорцизам во различните култури и религии

Иако многу луѓе ја поврзуваат оваа практика со Католичката црква, ритуалните егзорциуми се светски, мултикултурен феномен. Всушност, се вели дека идејата за изведување на егзорцизмите датира од илјадници години и е пронајдена во скоро сите религиозни традиции.

На пример, античките Месопотамијани верувале дека физичките и психолошките болести биле предизвикани од злонамерни духови „поседувајќи“ или прикачувајќи се на личноста која користела конкретни ритуални песни кон боговите или директно ги предизвикувала демоните. Нивниот „егзорцизам“ вклучувл свештеник кој што ја уништувал глинената или восочната претстава на демонот.

Други рани примери на злонамерни елементи кои се мешаат со здравјето и среќата на човекот се опишани во Ведите, древни санскритски текстови на хиндуизмот од околу 1000 п.н.е. За оваа религија, очистувањето на умот на човекот е неопходно за надминување на ужасната состојба.

Во Персија, имало сличен вид на егзорцизам околу 600 години п.н.е. кој го креирал Заратустра, основачот на Зороастризмот. Тој користел света вода, молитви и други ритуални практики.

Христијаните имаат многу примери за Исус како ги изгонува злите духови. Популарен пример е приказната која Исус им наредува на злите духови да го напуштат лудиот човек. Резултатот бил стадо свињи опседнати од ѓаволот самите да се фрлат од карпата и да се удават.

Демонологијата и суеверните верувања биле распространети и во средниот век и овие верувања имале влијание врз општото разбирање на менталната болест. Честопати свештенците извршувале маченички дејства врз пациентите во име на ослободување од демони. Како еден од страшните начини било и камшикувањето.

Скептицизам

Многу скептици изјавиле дека менталните болести, како што се хистерија, манија, психоза, Туретов синдром, шизофренија или нарушувања на личноста, се вистински проблеми зад таканаречените „демонски работи“. За нив, „моќта“ на егзорцизмите е само Моќ на сугестија – плацебо ефект.

Сепак, верувањето во злобни духови кои опседнуваат несреќни луѓе е древен обичај кој што останал во главите на многу луѓе од целиот свет денес. Дали „опседнувањето“ е медицинско, психолошко или демонско сѐ уште е многу контроверзна тема.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено