Во модата се што е ретро повторно се враќа во мода во одреден момент од времето. Овие тинејџерки решиле малку да го убрзаат тој процес и за својата матурска вечер го одбрале фустанот на нивната мајка или баба. Овој тренд се појави скоро и со сигурност ќе продолжи и понатаму. Овие ретро фустани изгледаат модерно и скоро и да нема правено големи преправки на нив.

Девојката од сликата погоре нарачала матурски фустан од интернет, но била многу разочарана од резултатот. Поради тоа го превртела плакарот и успеала да го најде фустанот на нејзината мајка.

Овој рачно изработен фустан за прв пат бил облечен во 1987 година, а сега нејзината ќерка повторно го носи во 2017 година, дури ја копирала и старата матурска слика.

Овој принцеза-фустан, за прв пат бил носен во 1963 година. Потоа фустанот го носеле нејзините две ќерки, а потоа и внуката.

Овој зелен фустан припаѓал на бабата на оваа девојче, а истиот го носела и нејзината тетка.

Разликата во овие две фотографии е цели 20 години.

Сподели на Facebook
пати видено